Skip to content

Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

Во малото грчко село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17 јуни 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа т.н. договор од Преспа, со кој се затвори долгогодишниот билатерален спор меѓу двете земји, Македонија го смени името во Македонија, Грција призна македонски јазик и македонски идентитет, […]

Во малото грчко село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17 јуни 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа т.н. договор од Преспа, со кој се затвори долгогодишниот билатерален спор меѓу двете земји, Македонија го смени името во Македонија, Грција призна македонски јазик и македонски идентитет, нашата земја стана членка на НАТО, а се интензивира и билатералната соработка со јужниот сосед.

Договорот беше постигнат по неколкумесечните интензивни преговори меѓу двете земји во период кога во Грција на власт беше СИРИЗА, кај нас СДСМ, а го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас.

На свечената манифестација во Нивици за потпишувањето на договорот присуствуваа тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц, тогашните високи претставници на Европската Унија, високи меѓународни претставници, како и претставници на двете земји.

Нешто повеќе од три месеци по потпишувањето на договорот, односно на 30 септември 2018 година, македонските граѓани беа повикани на раферендум да одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот помеѓу Македонија и Република Грција?“

Одѕивот на референдумот беше мал, гласаа само 36,91 отсто од гласачите, од нив 91,47 процент беа „за“, а 5,64 отсто „против“, а во согласност со конечните резултати од гласањето одлуката на референдумот не беше усвоена бидејќи не гласаа повеќе од половина од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список.

Ако историскиот Договор од Преспа нѐ научи на нешто, тоа е дека е време да правиме историја на Балканот, наместо да бидеме заробени во неа, напиша на „Твитер“ лидерот на СИРИЗА и поранешен гр

Осум месеци по потпишувањето и откога беше ратификуван во нашето Собрание и во грчкиот парламент, договорот на 12 февруари 2019 година и официјално стапи во сила.

Во согласност со договореното, Македонија се преименува во Македонија, државјанството е македонско/државјанин на Македонија, а јазикот македонски.

Земјата стана 30-та членка на НАТО и иако спорот за името континуирано со години се споменуваше како пречка за ЕУ-перспективата на Македонија, сепак, и покрај решението, договорот не го отвори целосно патот кон Европската Унија.

НАТО синоќа потврди дека кибер инцидент влијаел врз работата на неговите веб-страници.

На решението му претходеа преговори што траеја 27 години, периодично беа со позасилено темпо и почести средби, но имаше и периоди кога беа во застој и прекин, особено во периодот кога Грција се соочуваше со сериозна финансиска криза, но секогаш разговорите завршуваа без приближување на позициите кон заемно прифатливо решение сè до крајот на 2017 година кога се интензивираа разговорите по речиси тригодишен застој и беше постигнат договорот.

Во Грција, иако една година по потпишувањето, се смени власта, сепак, договорот се почитува, во изминатите години беше интензивирана соработката меѓу двете земји, во низа области како што се економијата, енергетиката итн, а Атина е силен поддржувач на европската перспектива на сите земји од регионот, меѓу кои и нашата, поддршка што се интензивира периодов во пресрет на грчкото претседателство со ЕУ во втората половина на 2027 година. 

Ставот на Владата на Нова демократија е дека и покрај тоа што како опозиција не го поддржаа Договорот, сметајќи дека е штетен за националните интерес, како Влада има обврска да го почитува, бидејќи станува збор за меѓународен договор што ја обврзува секоја Влада во рамките на континуитетот на државата.

Денес, односите со Грција и покрај промената на власта и во двете земји, билатералните односи се на добро ниво.

Што е имплементирано од Договорот?

Откако Договорот и официјално стапи во сила, нашата земја речиси веднаш исполни голем дел, а можеби и сите обврски што произлегуваат а се однесуваат на имплементацијата на договореното, како што се промената на уставното име и Уставот, менување на пасошите, регистарските таблици, менување на имињата на Министерствата и институциите и слично.

Од грчка страна пак, постојат одредени доцнења што се однесуваат на спроведувањето на договореното.

Трите меморандуми за соработка потпишани во 2019 година, а за првпат доставени во грчкиот Парламент на средината на септември 2020 година, сè уште не се ратификувани и покрај тоа што опозициската СИРИЗА, пред две години ги достави по втор пат.

Паралелно не е одржан ни вториот Совет на високо ниво.

Согласно Договорот од Преспа, Советот за соработка на високо ниво предводен од премиерите на двете земји, „ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа Спогодба и Акцискиот план кој ќе произлезе од истата“.

Првата и единствена меѓувладина седница беше одржана во Скопје во април 2019 година, при посетата на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас, додека пак на втората домаќин треба да биде Грција.

Решението на спорот со името целосно ги нормализираше билатералните политички односи кои влегоа во нормален тек, со редовна и активна меѓусебна комуникација, со средби и посети, а резултираше и со прва официјална посета во Грција на претседател на државава, како и прва официјална посета на грчки премиер на Скопје.

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски претпладнево ја почна дводневната официјална посета на Грција, што воедно е и прва на највисоко ниво меѓу двете држави, со огл

Во октомври 2021 година, претседателот Стево Пендаровски беше првиот шеф на државата кој ја посети Грција и со високи почести беше пречекан во Атина, додека пак помалку од една година по потпишувањето на Договорот, во април 2019 година, тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас го посети Скопје и се одржа првиот совет за соработка на високо ниво кој го сочинуваат претставници на двете влади, заеднички предводен од премиерите.

Меѓутоа, актуелниот грчки премиер сè уште не бил во официјална, работна или неформална посета на Скопје, ниту пак беше договорена возвратната посета на поранешната претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, иако доби официјална покана од тогашниот нејзин колега.

Актуелните премиери на двете земји, Христијан Мицкоски и Кирјакос Мицотакис, засега немаат одржано билатерална средба, а идентична е ситуацијата и на претседателско ниво, откако и Скопје и Атина добија нови шефови на државите.

Реклама

Уште од Tоп