Skip to content

Град Скопје: Се реализираат активности за враќање на редот, функционалноста и достоинството на главниот град

Скопје предолго време беше град оставен на заборав – со запуштени јавни површини, нарушена хигиена, недоволно одржувана инфраструктура и проблеми што со години остануваа нерешени. Денес, сликата постепено се менува. Во повеќе делови од градот се реализираат активности за чистење, уредување и реконструкција на јавните простори, со цел враќање на редот, функционалноста и достоинството на […]

Скопје предолго време беше град оставен на заборав – со запуштени јавни површини, нарушена хигиена, недоволно одржувана инфраструктура и проблеми што со години остануваа нерешени. Денес, сликата постепено се менува. Во повеќе делови од градот се реализираат активности за чистење, уредување и реконструкција на јавните простори, со цел враќање на редот, функционалноста и достоинството на главниот град – пишува во денешното соопштение на Град Скопје.

Се додава дека преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живеење на граѓаните, се обновуваат запуштени локации и се создава почиста и поуредена урбана средина.

– Ова е процес што бара време, труд и континуирана посветеност, но промените се веќе видливи. Скопје заслужува да биде чист, уреден и модерен град, во кој граѓаните ќе се чувствуваат гордо. Затоа што го сакаме Скопје – се додава во соопштението.

Видеото може да го погледнете на следниот линк:

Реклама

Уште од Tоп