Секој граѓанин кој сака неговите органи да бидат донирани ќе може официјално да се изјасни кај својот матичен лекар. Новите законски измени кои треба да го поминат владиниот филтер отвораат можност од најголемата човечка загуба да се роди најголемата надеж. Со новиот закон – матичните доктори очекуваат дека ќе разбуди свеста за органодарувањето, особено кај […]
Секој граѓанин кој сака неговите органи да бидат донирани ќе може официјално да се изјасни кај својот матичен лекар. Новите законски измени кои треба да го поминат владиниот филтер отвораат можност од најголемата човечка загуба да се роди најголемата надеж. Со новиот закон – матичните доктори очекуваат дека ќе разбуди свеста за органодарувањето, особено кај младите. Тие уверуваат дека како прва линија во здравството стојат на располагање за се што е потребно, со цел се повеќе луѓе да одлучат на донорство а со тоа да се спасат и човечки животи.
Граѓаните со поделени мислења – едни сметаат дека донирањето органи е хуман чин со кој може да се спасат повеќе животи и велат дека би прифатиле да бидат органодарители. Други, пак, имаат резерви и сметаат дека за ова прашање е потребна поголема информираност и јавна дебата.
Според бројките, околу 200 пациенти во моментот живеат со секојдевната мисла и исчекување – кога ќе им се јават од клиника дека има орган. Најголема е листата за чекање на бубрези од починат донор – околу 150 пацинети и триесетина чекаат ново срце.
