Skip to content

Потпишување Декларација за намери за превенција на насилство кај младите

Церемонија за потпишување Декларација за намери за превенција на насилство кај младите во рамки на Националната работна група за превенција на насилството кај младите, предводена од Министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка на ОБСЕ денеска ќе се одржи во Скопје.  Настанот ќе започне со обраќања на високи претставници, по што ќе следува […]

Церемонија за потпишување Декларација за намери за превенција на насилство кај младите во рамки на Националната работна група за превенција на насилството кај младите, предводена од Министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка на ОБСЕ денеска ќе се одржи во Скопје. 

Настанот ќе започне со обраќања на високи претставници, по што ќе следува формалното потпишување на Декларацијата и панел-дискусија на тема: „Превенција на насилството кај младите: институционални и заеднички одговори и улогата на младите“.

Декларацијата утврдува заеднички активности кои опфаќаат безбедни простори и услуги за поддршка, едукација за ненасилна комуникација, превенција во спортот, дигитална безбедност, ментално здравје и психосоцијална поддршка, значајно учество на младите, како и посилна координација и отчетност меѓу институциите.

Реклама

Уште од Tоп