Македонскиот центар за одговор на сајбер инциденти стана полноправна членка на глобалната мрежа на вакви институции, FIRST. Од Министерството за дигитална трансформација соопштија дека со ова Македонија добива меѓународно признание за напредокот во областа на сајбер безбедноста и подготвеноста да се справува со современите дигитални закани. „Приемот како нов полноправен член ја потврдува посветеноста на […]
Македонскиот центар за одговор на сајбер инциденти стана полноправна членка на глобалната мрежа на вакви институции, FIRST. Од Министерството за дигитална трансформација соопштија дека со ова Македонија добива меѓународно признание за напредокот во областа на сајбер безбедноста и подготвеноста да се справува со современите дигитални закани.
„Приемот како нов полноправен член ја потврдува посветеноста на Македонија кон градење посилен, професионален и европски систем за сајбер отпорност“, наведуваат од Министерството. Членството во FIRST ќе овозможи побрза размена на информации за сајбер закани, директен пристап до светска експертиза и поефикасна координација со меѓународни партнери при превенција, откривање и справување со безбедносни инциденти. Воедно, ова претставува и исполнување на важна обврска од Реформската агенда со што се отвора можност за пристап до нови средства од Планот за раст.
