Skip to content

Во Србија приведен лажен лекар од Северна Македонија

Српската полиција соопшти дека привеле во Врање државјанин на Македонија под сомнение за продолжено кривично дело измама. Осомничениот С.К (1970) се товари дека од 4 до 13 јуни годинава им се јавил на тројца граѓани од областа на Врање на нивните фиксни телефони, претставувајќи се како лекар од Македонија, и им кажал дека нивни блиски […]

Српската полиција соопшти дека привеле во Врање државјанин на Македонија под сомнение за продолжено кривично дело измама.

Осомничениот С.К (1970) се товари дека од 4 до 13 јуни годинава им се јавил на тројца граѓани од областа на Врање на нивните фиксни телефони, претставувајќи се како лекар од Македонија, и им кажал дека нивни блиски членови на семејството наводно се тешко повредени, со што ги довел во заблуда и подоцна отишол на нивни адреси и зел големи суми пари.

За приведениот ќе биде поднесена кривична пријава.

Реклама

Уште од Вести