Skip to content

Делегација на УЈП во посета на Даночната управа на Црна Гора – во фокус регионалната соработка за модернизација на даночните системи

Делегација на Управата за јавни приходи (УЈП), предводена од директорката м-р Елена Петрова, оствари работна посета на Даночната управа на Црна Гора, со цел унапредување на регионалната соработка и размена на искуства во модернизацијата на даночните системи – соопштуваат од УЈП. – Во текот на средбата претставниците на двете институции разговараа за клучни прашања, кои […]

Делегација на Управата за јавни приходи (УЈП), предводена од директорката м-р Елена Петрова, оствари работна посета на Даночната управа на Црна Гора, со цел унапредување на регионалната соработка и размена на искуства во модернизацијата на даночните системи – соопштуваат од УЈП.

– Во текот на средбата претставниците на двете институции разговараа за клучни прашања, кои се од важност на современите даночни администрации, вклучувајќи ја дигитализацијата на деловните процеси, унапредувањето на електронските услуги за даночните обврзници и управувањето со даночните ризици. Посебен акцент беше ставен на искуствата поврзани со е-фискализацијата како важна алатка за зголемување на транспарентноста и ефикасноста на даночните системи во регионот – стои во соопштението од УЈП.

Дополнуваат дека во рамките на посетата црногорската страна ги презентирала искуствата од воведувањето на Интегрираниот систем за управување со приходи (IRMS), кој се применува од почетокот на годинава. Притоа биле разгледани предизвиците во имплементацијата, начините за нивно надминување, како и постигнатите резултати.

– Делегацијата на УЈП изрази особен интерес за оваа област нагласувајќи дека размената на практични искуства со институции што успешно спровеле слични процеси претставува значаен извор на знаење и поддршка за понатамошниот развој на даночната администрација – дополнуваат од УЈП.

Двете институции ја потврдиле важноста на регионалната соработка како двигател на реформските процеси и најавиле нејзино интензивирање преку конкретни форми на стручна и институционална размена во иднина.

Реклама

Уште од Вести