Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на 15 јуни 2026 година ќе организира одбележување на 40-годишнината од упокојувањето на блаженоупокоениот архиепископ охридски и македонски г.г. Ангелариј. Настанот ќе се одржи во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје, каде што се наоѓа вечното почивалиште […]
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на 15 јуни 2026 година ќе организира одбележување на 40-годишнината од упокојувањето на блаженоупокоениот архиепископ охридски и македонски г.г. Ангелариј.
Настанот ќе се одржи во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје, каде што се наоѓа вечното почивалиште на архиепископот Ангелариј со почеток во 10:00 часот.
Како што информираат од КОВЗРГ во рамките на одбележувањето ќе биде отслужен помен со кој ќе чиноначалствува неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на архиереи и свештенство.
По поменот е предвидено кратко обраќање на поглаварот на МПЦ-ОА, по што ќе следи полагање свежо цвеќе пред гробот на архиепископот Ангелариј.
Одбележувањето, се вели во соопштението, претставува израз на почит кон животот, духовното дело и историското наследство на архиепископот Ангелариј, кој со своето архипастирско служење остави значаен белег во современата историја на МПЦ.
