САД и Иран постигнаа согласност за мировен договор кој треба да биде потпишан во секој момент. Властите во Техеран прогласија победа, а американскиот претседател Доналд Трамп, кој денеска го слави својот 80. роденден, објави дека Иран се согласил никогаш да не поседува нуклеарно оружје. Сепак, за сето ова да стане и официјално, потребно е да […]
САД и Иран постигнаа согласност за мировен договор кој треба да биде потпишан во секој момент. Властите во Техеран прогласија победа, а американскиот претседател Доналд Трамп, кој денеска го слави својот 80. роденден, објави дека Иран се согласил никогаш да не поседува нуклеарно оружје. Сепак, за сето ова да стане и официјално, потребно е да се стави потпис на мировниот документ. Дали тоа ќе се случи во текот на овој или наредните денови, засега е нејасно.
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, изјави дека промени сè уште се можни, но дека рамковниот договор покажува дека неговата земја излегла посилна од војната.
„Иран е победник во војната со САД“, рече Арагчи во обраќање на државната телевизија.
Таканаречениот меморандум за разбирање повикува на отворање на Хормускиот Теснец и укинување на американската блокада на иранските пристаништа, соопштија извори од двете страни.
