Skip to content

Мицкоски: Имаме интензивни активности на дипломатски план, критиките за изолираност не држат

Средба со француски и турски претседател, со германски канцелар. За два месеца повеќе средби со клучни играчи на меѓународната политичка сцена е доказ дека Македонија не е изолирана земја како што тврди опозицијата. Премиерот Христијан Мицкоски дециден дека и посетата на европската комесерка Марта Кос следниот период, ја демантираат СДСМ. На домашен терен, предвремени парламентарни […]

Средба со француски и турски претседател, со германски канцелар. За два месеца повеќе средби со клучни играчи на меѓународната политичка сцена е доказ дека Македонија не е изолирана земја како што тврди опозицијата. Премиерот Христијан Мицкоски дециден дека и посетата на европската комесерка Марта Кос следниот период, ја демантираат СДСМ.

  • Според опозицијата Владата била изолирана, а како таква изолирана јас во рок од два месеци остварив билатерлна средба со турскиот претседател, со франциускиот претседател и со германскиот канцелар. На билатерална посета беше хрватскиот премиер, јас бев на билатерална посета со австрискиот канцелар и беше претседателот на Европскиот совет тука во Скопје, се тоа за само два месеца. Сега ќе дојде и комесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос на редовна обиколка на регионот“, прецизира Мицкоски.

На домашен терен, предвремени парламентарни избори не се во игра, но ако опозицијата е спремна, власта ќе одговори на предизвикот.

Одговарајќи на обвинувањата на СДСМ, дека Владата сака да оди на избори бидејќи ги потрошила државните парите и дека нема да бидат алиби за предвремени избори, премиерот Мицкоски рече дека тоа едното со другото немаат логика.

  • Нема да се мешам во нивната стратегија. Само знам дека, зборувам политички, кога влегувате во втората половина од мандатот, логично е да сте подготвени за избори без разлика дали се тоа редовни или вонредни, на барање на опозицијата. Еве нашата опозиција не бара, нашата опозиција е сокриена, има три-четворица кои држат прес-конференции полни со невистини и навреди, најчесто кон мене. И сега кога имаат можност да се покажат на терен, да видат еве колку ефект имаат тие нивни невистини и навреди кон мене, тие едноставно бегаат. Тоа нема да биде првпат што го прави СДСМ. Тоа веќе во историјата многу пати го направила СДСМ“, рече Мицкоски. 

Сигурно засега е дека ќе има реконструкција на владата. По партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни, владините коалициони партнери ќе го прекројуваат владиниот состав.

За најавеното повлекување, пак, на Али Ахмети од лидерското место во ДУИ, Мицкоски рече дека не би сакал да коментира внатрешни партиски работи, исто како што не би сакал некој да ги коментира внатрешните работи во ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

Уште од Вести