Културно уметничкото друштво „ДРИМКОЛ“ од Вевчани денеска во Домот на култура во Вевчани ќе одржи годишен концерт. Темата на концертот, што се одржува традиционало, годинава е северното игроорно подрачје во Македонија и е насловен „Од Скопска Црна Гора до Блатија”. На програмата ќе бидат презентирани песна и ора од овие предели, а на сцената ќе […]
Културно уметничкото друштво „ДРИМКОЛ“ од Вевчани денеска во Домот на култура во Вевчани ќе одржи годишен концерт.
Темата на концертот, што се одржува традиционало, годинава е северното игроорно подрачје во Македонија и е насловен „Од Скопска Црна Гора до Блатија”.
На програмата ќе бидат презентирани песна и ора од овие предели, а на сцената ќе настапат 125 уметници на Дримкол. Како гости ќе учествуваат и учениците од државното музичко училиште во Битола од насоката за традиционална музика и игра.
Концерт е поддржан од Министерството за култура со годишната програма за проекти од национален интерес.
