Гостиварската локална самоуправа влезе во градежна офанзива и ова лето продолжува со инвестирање во патната инфраструктура чија цел е подобрување на условите за сообраќај и зголемување на безбедноста на граѓаните. Градоначалникот, Ваљбон Лимани придружуван од општинското раководство, денеска беше на увид на работите на улица низ централното градско јадро долга близу 300 метри. Таа е […]
Гостиварската локална самоуправа влезе во градежна офанзива и ова лето продолжува со инвестирање во патната инфраструктура чија цел е подобрување на условите за сообраќај и зголемување на безбедноста на граѓаните. Градоначалникот, Ваљбон Лимани придружуван од општинското раководство, денеска беше на увид на работите на улица низ централното градско јадро долга близу 300 метри. Таа е опфатена со целосна реконструкција, вредна на 3,5 милиони денари.
Според градоначалникот Лимани, станува збор за една од најфреквентните сообраќајници во овој дел од градот, а завршувањето на работите значително ќе го олесни движењето на граѓаните и ќе придонесе за поголема безбедност во сообраќајот.
Тој најави дека најголемиот дел од инфраструктурните проекти кои моментално се реализираат треба да бидат завршени до крајот на јуни, по што ќе има мал застој заради доаѓањето на иселениците кои традиционално доаѓаат во текот на летните месеци.
– Очекувам до крајот на јуни, односно почетокот на јули, да завршат сите активни градежни работи. Потоа, поради зголемената фреквенција на сообраќај во летниот период, градежната офанзива привремено ќе биде ставена во мирување и ќе продолжи кон крајот на август, изјави Лимани.
Меѓу поважните зафати кои треба да започнат ова лето е новиот мост на Вардар, близу судската зграда. Во општина Гостивар, во моментов се работи на девет локации, каде се спроведува целосна реконструкција на коловозите и поправки на оштетени делници. Парите за овие инвестиции, се главно од таканаречениот „унгарски кредит“, но како што посочи градоначалникот, дел од проектите се финансираат од општинскиот буџет.


