Skip to content

Украина и Молдавија ги стартуваат проговорите за членство во ЕУ

Киев и Кишињев во понеделник официјално ќе отпочнуваат преговорите со Европската Унија. Земјите членки во Советот се договориле дека Украина и Молдавија можат да го отпочнат отворањето на кластерите за полноправно членство во Унијата. Првиот преговарачки кластер опфаќа пет поглавја: јавни набавки, статистика, правосудство и темелни права, како и правда, слобода и безбедност. Овие области […]

Киев и Кишињев во понеделник официјално ќе отпочнуваат преговорите со Европската Унија. Земјите членки во Советот се договориле дека Украина и Молдавија можат да го отпочнат отворањето на кластерите за полноправно членство во Унијата.

Првиот преговарачки кластер опфаќа пет поглавја: јавни набавки, статистика, правосудство и темелни права, како и правда, слобода и безбедност. Овие области се сметаат за основа на пристапниот процес и традиционално први се отвораат, а последни се затвораат во текот на преговорите.

Кластерот ги опфаќа клучните вредности врз кои е изградена Европската Унија, вклучувајќи го владеењето на правото, функционирањето на демократските институции и заштитата на основните права.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку социјалните мрежи им се заблагодари на партнерите во ЕУ.

  •  „Украина го прави она што е потребно, и важно е што и ЕУ си го држи својот збор“, напиша тој.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, исто така ја поздрави одлуката со објава на Х.

  • „Ние ја завршивме работата и ќе продолжиме да спроведуваме реформи“ сподели на социјалните мрежи Санду.

ЕУ официјално ги почна пристапните преговори со Украина и Молдавија во јуни 2024 година, но отворањето на првата фаза од разговорите со Киев беше блокирано од унгарското вето.

Сепак, двете држави пристапот кон Унијата го отпочнуваат со еден куп проблеми. Украина е во војна со Русија и нема контрола над голем процент од својата територија.

Сериозни внатрешни проблеми има и Молдавија три децении се соочува со нерешениот статус на Приднестровје – отцепен регион со кој „де факто“ Кишињев нема контрола. 

Во меѓувреме, во Луксембург ќе се одржи и меѓувладина конференција со Црна Гора, на која земјата ќе ги затвори преговорите во две поглавја – слободно движење на работници и заштита на потрошувачите и здравјето.

Црна Гора останува најнапредната земја кандидат во процесот на пристапување кон Европската Унија. Досега има затворено 14 преговарачки поглавја, а властите во Подгорица се амбициозни дека до крајот на годината ќе ги имплементираат сите кластери од пристапниот процес.

Реклама

Уште од Вести