Skip to content

ВМРО-ДПМНЕ: Од СДСM пак со измислици, Филипче да каже јасно кои се неговите компании во Петрич и како профитираат

Од СДСM да престанат со ширење на лаги и да ја манипулираат јавноста и да се фатат за работа, во земјава е потребна конструктивна опозиција, а не опозиција која секојдневно измислува приказни, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, никогаш не аплицирал за никакво друго државјанство, а не пак за […]

Од СДСM да престанат со ширење на лаги и да ја манипулираат јавноста и да се фатат за работа, во земјава е потребна конструктивна опозиција, а не опозиција која секојдневно измислува приказни, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, никогаш не аплицирал за никакво друго државјанство, а не пак за бугарско, и не остварил приход од фирмата во Бугарија.

А ако веќе држат прес-конференции на темава, тогаш претседателот на СДСM, Филипче,  нека одговори неговите неколку компании регистрирани во Бугарија, во Петрич на улица Гоце Делчев број 12 , што точно работат и од каде е профитот.

Математиката на СДСM е да не работат ништо додека се во опозиција и само да ја дезинформираат јавноста, а преку додворување на странски власти да се обидат да дојдат некако на власт.

Две години се опозиција, ништо немаат понудено, бегаат од работни групи, не гласаат за ништо во Собрание, што е од општествен интерес, се караат со медиуми, спинуваат изјави на странски амбасадори во земјава, и се занимаваат со се освен со тоа што им е работа.

Реклама

Уште од Вести