Skip to content

Реформската агенда: Македонија повторно цели кон лидерската позиција

Македонија има спроведено речиси се од реформаската агенда. Повеќето од законите се во собраниската процедура или веќе се имплементирани, а наскоро ќе има конечно решение и за Изборниот законик. Претседателот на Владата очекува Македонија повторно да се најде на првата позиција по спроведени рефори, по оценувањето кое кое ќе го направи Европската Комисија. Како дел […]

Македонија има спроведено речиси се од реформаската агенда. Повеќето од законите се во собраниската процедура или веќе се имплементирани, а наскоро ќе има конечно решение и за Изборниот законик. Претседателот на Владата очекува Македонија повторно да се најде на првата позиција по спроведени рефори, по оценувањето кое кое ќе го направи Европската Комисија.

Како дел од реформската агенда ќе биде донесена и владина одлука за работењето на државните електрани. Како што најави премиерот, таа е поврзана со еден максималниот процент на количина на електрична енергија што треба да биде доставена до универзалниот снабдувач. 

  • Сите оние законски решенија коишто се дел од Реформската агенда се или во Парламентот како резултат на тоа што ние како Влада ги доставивме, или е како група на пратеници амандмански интервенирано. ​Останува уште Изборниот законик. Информиран сум дека се ближиме до конечно решение, така што, јас колку што знам на 26-ти е закажана собраниска седница. Ќе има ден, два, три за фино нивелирање. Рокот е 30 јуни, но сега секогаш искуството вели може и до 15-ти јули. Нормално некои документи да се достават, да се дополнат, да се одземат и така натаму, но еве ајде да речеме 30 јуни. Ние очекуваме повторно да ја потврдиме позицијата дека сме први, како што тоа беше во декември, но ајде да почекаме да видиме каков ќе биде Извештајот од страна на Европската комисија“, изјави Мицкоски. 

За Избониот законик бил постигнат напредок за клучните прашања во работната група Од Правда соопштија дека дел од главните барања биле усогласени со консензус, додека за други имало интензивна и конструктивна дебата. Следната седница е закажана за во четврок, но подолг период СДСМ не учствува. Иако најавуваа дека нема да ги кочат реформските закони, сепак не учествуваат во дебатата за новото законско решение.

Во моментов во собраниска процедура се законите за судска и обвинителска служба, а претходно десетина закони во правосудството претрпеа промени за усогласување со европската регулатива. Власта најави дека со посебен акцент ќе се работи на суштински промени во судството и обвинителството.

Во исто време, за две години имало двојно повеќе јавни расправи при носење на закони од реформската агенда за разлика од претходните четири. Владејачкото мнозинство тврди дека сите закони се носат објективно, за разлика од претходно.

Реклама

Уште од Вести