Министерството за јавна администрација денеска ќе го одбележи Денот на јавната администрација под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“. На настанот, што ќе се одржи во Македонската филхармонија, најавено е обраќање на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за јавна администрација Горан Минчев и шефот за соработка во Делегацијата на Европската […]
Министерството за јавна администрација денеска ќе го одбележи Денот на јавната администрација под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“.
На настанот, што ќе се одржи во Македонската филхармонија, најавено е обраќање на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за јавна администрација Горан Минчев и шефот за соработка во Делегацијата на Европската унија Штефан Худолин.
Настанот е со цел да се истакне важноста на професионалната, ефикасна и транспарентна јавна администрација како клучен столб во процесот на европска интеграција и во обезбедувањето квалитетни услуги за граѓаните и бизнисите.
