Во Галерија Рудиќ вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Моменти против времето“ на осум фотографи од Хрватска. Изложбата ја сочинуваат 32 црно-бели фотографии создадени од осум автори под раководство на уметничкиот фотограф Станко Абаџиќ. – Изложбата го евоцира носталгичниот дух на фотографската уметност пред дигиталната ера, нагласувајќи ги дотераните класични стилови, играта на […]
Во Галерија Рудиќ вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Моменти против времето“ на осум фотографи од Хрватска.
Изложбата ја сочинуваат 32 црно-бели фотографии создадени од осум автори под раководство на уметничкиот фотограф Станко Абаџиќ.
– Изложбата го евоцира носталгичниот дух на фотографската уметност пред дигиталната ера, нагласувајќи ги дотераните класични стилови, играта на светло и сенка, и уметничкото проширување на реалноста. Фотографиите ги прикажуваат луѓето, улиците, градовите, архитектурата и настаните со безвременска чувствителност. Уметничките принципи на визуелност и ритам се очигледни, додека сликите на градот не се секогаш еднозначни, се посочува за изложбата.
Истакнати придонеси на поединечните автори вклучуваат: Jасминa Бауман – графички дизајн и фотографско сликарство, Ален Чабриќ – автентичност во портретите, Иван Чагаљ и Милан Чекиќ – улични настани и естетски впечатоци, Хрвое Филиповиќ – сиво-тонирани сцени на улици и плоштади и Хрвое Гламузина, Дејан Пејиќ и Божидар Краљ – урбани паралели и геометрија наспроти човечноста.
Осумте автори имаат за цел да ја поттикнат меморијата и да го возвишат секој снимен момент кон поголема тема, наведува за изложбата Боро Рудиќ.
