Skip to content

Евроинтеграциите и билатералната соработка во фокус на средбата Сали-Кардел

Билатералните односи меѓу двете земји, процесот на европска интеграција на Македонија и можностите за продлабочување на соработката во области од заеднички интерес беа во фокусот на средбата на првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, со амбасадорката на Кралството Данска, Перниле Дахлер Кардел. Како што соопштуваат од кабинетот на министерот за европски прашања, министерот Сали изразил […]

Билатералните односи меѓу двете земји, процесот на европска интеграција на Македонија и можностите за продлабочување на соработката во области од заеднички интерес беа во фокусот на средбата на првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, со амбасадорката на Кралството Данска, Перниле Дахлер Кардел.

Како што соопштуваат од кабинетот на министерот за европски прашања, министерот Сали изразил благодарност за континуираната поддршка што Данска ѝ ја дава на државата во спроведувањето на реформите и во процесот на пристапување кон Европската Унија.

– Соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални и европски случувања, како и за важноста од зајакнување на партнерската соработка во насока на промовирање на стабилноста, безбедноста и просперитетот – стои во соопштението од МЕП.

Како што дополнуваат, на средбата била потврдена заедничката заложба за понатамошно унапредување на пријателските односи и блиската соработка меѓу двете земји.

Реклама

Уште од Вести