Skip to content

Пет лица повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола, сообраќајот наизменично по една сообраќајна лента

Пет лица се повредени во сообраќна несреќа во која учествувале три возила што се случила попладнево на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп, потврдија од МВР. Повредените се хоспитализирани во прилепската градска болница, а сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента. -Денеска (21.06.2026) од 15:45 часот има прекин на сообраќајот во двата […]

Пет лица се повредени во сообраќна несреќа во која учествувале три возила што се случила попладнево на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп, потврдија од МВР. Повредените се хоспитализирани во прилепската градска болница, а сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента.

-Денеска (21.06.2026) од 15:45 часот има прекин на сообраќајот во двата правци на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп, поради случена сообраќајна незгода. Учесници во незгодата се три возила со пет повредени лица кои се упатени во Градска болница „Борка Талески“ во Прилеп. Од 16:40 часот сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента со физичка регулација, наведуваат од МВР.

Реклама

Уште од Tоп