Општина Крива Паланка спроведе награден конкурс за кратки видеа со еколошки пораки на тема „Реката не е депонија – твојата одлука прави разлика“, во рамки на проектот „Интегрирање на родовата перспектива во обезбедување на локални услуги во Југоисточна Европа преку НАЛАС“ поддржан од НАЛАС и ЗЕЛС, а финансиран од UN WOMEN. Tрите најкреативни видеа со […]
Општина Крива Паланка спроведе награден конкурс за кратки видеа со еколошки пораки на тема „Реката не е депонија – твојата одлука прави разлика“, во рамки на проектот „Интегрирање на родовата перспектива во обезбедување на локални услуги во Југоисточна Европа преку НАЛАС“ поддржан од НАЛАС и ЗЕЛС, а финансиран од UN WOMEN.
Tрите најкреативни видеа со најсилна порака согласно критериумите добија парични награди.
-Во рамки на проектот Општина Крива Паланка распиша конкурс со кој ги повика учениците од основните и средното училиште на територија на Општина Крива Паланка да ја искажат својата порака за заштита на реките и животната средина преку видео содржина. Младите од градот беа креативни на тема „Реката не е депонија – твојата одлука прави разлика“, пристигнаа инспиративни видеа што комисијата ги разгледа и оцени, а градоначалникот го донесе решението за добитниците кои за својата креативност ќе бидат соодветно наградени, информираат од општината.
Конечната ранг листа е објавена на официјалната страна на општината.
Првонаградено е видеото „Реката не заслужува ѓубре,таа е за сите нас“, второто место го освои „Ајде да дејствуваме, реката да не ја загадуваме“ и трета награда е доделена за видеото „Чиста река, здрава иднина“.
Преку овој конкурс, Општина Крива Паланка промовира вклучување на родовата перспектива во управувањето со отпад, бидејќи чистата животна средина е заедничка вредност и заедничка одговорност.
