Skip to content

Се обележуваат пешачките премини на улицата „Методија Митевски“ во Чаир

Општина Чаир продолжува со активностите за подобрување на безбедноста во сообраќајот и уредување на патната инфраструктура на територијата на општината, соопштуваат од Општина Чаир. -По иницијатива на Општина Чаир, на улицата „Методија Митевски“ е реализирано исцртување на хоризонталната сообраќајна сигнализација и пешачките премини, со цел зголемување на безбедноста на пешаците и другите учесници во сообраќајот, […]

Општина Чаир продолжува со активностите за подобрување на безбедноста во сообраќајот и уредување на патната инфраструктура на територијата на општината, соопштуваат од Општина Чаир.

-По иницијатива на Општина Чаир, на улицата „Методија Митевски“ е реализирано исцртување на хоризонталната сообраќајна сигнализација и пешачките премини, со цел зголемување на безбедноста на пешаците и другите учесници во сообраќајот, наведуваат оттаму.

Од Општината посочуваат дека активностите за подобрување на хоризонталната сигнализација ќе продолжат и на други улици во Чаир, согласно предвидениот план и утврдените потреби на терен.

Реклама

Уште од Вести