Во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“ синоќа на Плоштад „Скендербег“ се одржа „Скопска Софра“, посебна вечер посветена на народната музика, традицијата и културните вредности кои со генерации се дел од идентитетот на Скопје. Како што соопшти Општина Чаир, со присуство на стотици граѓани, уметници и бројни гости, вечерта била исполнета со свечена […]
Во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“ синоќа на Плоштад „Скендербег“ се одржа „Скопска Софра“, посебна вечер посветена на народната музика, традицијата и културните вредности кои со генерации се дел од идентитетот на Скопје.
Како што соопшти Општина Чаир, со присуство на стотици граѓани, уметници и бројни гости, вечерта била исполнета со свечена атмосфера, каде песната и играта го обединија присутното население во срцето на Чаршијата.
-Културата и традицијата се вредности што нѐ поврзуваат со нашите корени и го зајакнуваат нашиот колективен идентитет. ‘Скопска Софра’ е доказ дека овие вредности продолжуваат да живеат меѓу нас и гордо да се пренесуваат на новите генерации – изјави градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.
Од Општината додаваат дека настанот се одржал во присуство на функционери, директори на институции, советници и бројни гости, а публиката имала можност да ужива во богата уметничка програма со песни и изведби кои го донесоа автентичниот дух на традицијата.
Манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“ продолжува и во наредните денови со бројни културни и уметнички настани на Плоштад „Скендербег“.
