Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска го посети Националниот парк Шар Планина по повод пет години од прогласувањето за национален парки најави нови инвестиции и системски мерки за заштита. Како што соопшти МЖСПП, Хоџа истакна дека во изминатите пет години е поставен модерен и функционален систем за управување со еден од […]
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска го посети Националниот парк Шар Планина по повод пет години од прогласувањето за национален парки најави нови инвестиции и системски мерки за заштита.
Како што соопшти МЖСПП, Хоџа истакна дека во изминатите пет години е поставен модерен и функционален систем за управување со еден од највредните природни ресурси во државата, како резултат на заедничките напори на институциите, локалното население и донаторите.
-Нашата цел е јасна – развој, но во хармонија со природата. Нема да дозволиме профитот да ја уништи природата, истакнал Хоџа додавајќи дека во тек е изработка на стратегија за туризам за подрачјето на паркот.

Министерството информира дека Хоџа изразил поддршка за целосна примена на екосистемските надоместоци, со што средствата директно ќе се враќаат во паркот.
-Овие средства се наменети за почиста животна средина, унапредување на планинската инфраструктура и зајакнување на ренџерските капацитети. ЈУ НП Шар Планина годинава ќе добие дополнителна поддршка од Министерството за унапредување на капацитетите за рана детекција и следење на шумски пожари, преку инвестиции во современ објект, се наведува во соопштението.
