Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, ја посетија пречистителната станица за отпадни води во селото Мачево, каде извршија увид во функционирањето на објектот и во процесите за третман на отпадните води. При посетата тие се запознаа со технолошките процеси што се применуваат во пречистителната […]
Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, ја посетија пречистителната станица за отпадни води во селото Мачево, каде извршија увид во функционирањето на објектот и во процесите за третман на отпадните води.
При посетата тие се запознаа со технолошките процеси што се применуваат во пречистителната станица, при што било истакнато дека нејзината работа има значајна улога во зачувувањето на квалитетот на водните ресурси и заштитата на животната средина во Малешевскиот регион.
Според информациите споделени од градоначалникот Ружински, заеднички била потенцирана потребата од континуирано инвестирање во современа комунална инфраструктура, како и од понатамошно унапредување на системите за заштита на животната средина, со цел обезбедување подобри услови за живот на граѓаните.
– Во рамки на посетата беше нагласено дека вложувањата во вакви инфраструктурни капацитети претставуваат важен сегмент во одржливото управување со природните ресурси и во намалувањето на негативните влијанија врз животната средина. Општина Берово ќе продолжи со интензивна соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање во насока на реализација на нови проекти и инвестиции, истакна Ружински.
Заедно со заменик министерката очекуваат активностите да придонесат за одржлив развој на општината и за подобрување на квалитетот на живот на локалното население.
Од Општината нагласија дека партнерството меѓу локалната и централната власт е од клучно значење за реализација на проекти од областа на животната средина и комуналната инфраструктура, кои имаат долгорочни придобивки за граѓаните и за зачувување на природните ресурси.
