Skip to content

Свечено отворено ново кино во Општина Демир Хисар

Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски, директорот на Домот на културата „Илинден“ Демир Хисар, Славче Велјановски и претседателката на ПРО ЛОКАЛ од Битола и координатор на проектот „Младински политики по мерка на младите“, Емилија Ѓероска, денеска отворија ново кино во Демир Хисар.  На свеченоста во Демир Хисар, градоначалникот Никола Најдовски истакна дека општината и […]

Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски, директорот на Домот на културата „Илинден“ Демир Хисар, Славче Велјановски и претседателката на ПРО ЛОКАЛ од Битола и координатор на проектот „Младински политики по мерка на младите“, Емилија Ѓероска, денеска отворија ново кино во Демир Хисар. 

На свеченоста во Демир Хисар, градоначалникот Никола Најдовски истакна дека општината и во иднина ќе продолжи посветено да работи на развојот на културниот и општествениот живот. 

– Преку заеднички активности и поддршка на младите ќе се создаваат нови можности и содржини кои ќе придонесат за побогат и подинамичен живот во Демир Хисар. Возобновувањето на киното претставува значаен чекор за збогатување на културниот живот во Демир Хисар и отвора нови можности за културна едукација, уметничка афирмација и квалитетно поминување на слободното време, особено за младите, истакна Најдовски.

Во рамки на свеченото отворање беа прикажани филмовите на македонскиот режисер Гоце Цветановски, „Мал дисконтинуитет во времепросторот“, „Вистинската приказна за Хансел и Гретел“ и „Човекот кој не беше тука“, кои беа проследени со голем интерес од присутните посетители.

Новата кино-опрема е набавена со средства на Домот на културата „Илинден“ Демир Хисар и со средства обезбедени преку проектот „Младински политики по мерка на младите“, кој се реализира во Пелагонискиот регион во рамки на програмата Цивика мобилитас, финансиски поддржана од Владата на Швајцарија.

Со повторното ставање во функција на киното, односно по повеќедецениска пауза, Демир Хисар добива современ културен простор кој ќе овозможи редовни филмски проекции и реализација на различни културни содржини во интерес на граѓаните од сите генерации, беше нагласено на денешната свеченост во таа општина.

Реклама

Уште од Вести