Министерот за правда Игор Филков оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбија, регионалната директорка на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS), Микела Талин, претставничката на Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права, Тања Темелкоска, и Марко Вујачиќ, раководител на програмата на (UNOPS) за Југоисточна Европа, на […]
Министерот за правда Игор Филков оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбија, регионалната директорка на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS), Микела Талин, претставничката на Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права, Тања Темелкоска, и Марко Вујачиќ, раководител на програмата на (UNOPS) за Југоисточна Европа, на која, како што информираат, се разговарало за можностите за воспоставување стратешко партнерство во процесот на дигитална трансформација на правосудството, како еден од клучните предуслови за поефикасен, потранспарентен и подостапен правосуден систем.

Од Министерството за правда информираат дека се договорeни идни чекори со акцент на потребата од модернизација и надградба на АКМИС, воспоставување систем за електронска достава во судските постапки, унапредување на системот за аудио и видео снимање на судските рочишта, подобрување на интероперабилноста меѓу институциите и зајакнување на кибер безбедноста во правосудниот сектор.
Искуствата што UNOPS веќе ги има реализирано во земјите од регионот претставуваат значајна основа за поддршка на реформските процеси и во нашата држава.

Министерството за правда, се вели во соопштението, останува посветено на создавање современо правосудство кое ќе одговори на потребите на граѓаните и ќе ги следи европските и меѓународните стандарди. Поддршката од Обединетите нации и UNOPS во овој процес е од исклучително значење за успешно спроведување на реформите и забрзување на дигиталната трансформација на правосудниот систем.
