Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, за финансирање и буџет, за здравство, за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и законодавно-правната комисија. На дневниот ред на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика се предлог законите за […]
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, за финансирање и буџет, за здравство, за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и законодавно-правната комисија.
На дневниот ред на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика се предлог законите за изменување на Законот за упатување работници од Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи; за користење на енергијата од обновливи извори; и за изменување и дополнување на Законот за возила, трите во второ читање.
Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе расправаат за амадман на Предлог на законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, по скратена постапка, како и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија, по скратена постапка и за Финансискиот извештаи на Агенција за супервизија на осигурување во 2025 година ревидирани од овластен ревизор.
Пред челновите на Комисијата за здравство е разгледување на амандмани за Предлог законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи во второ читање. Амандманската расправа за Предлог законот за парнична постапка, во второ читање, е на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците заедно со разгледувањето на предлог-законите за високи раководители во второ читање и за соодветна и правична застепност во прво читање.
На дневниот ред на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е разгледување на еден амандман за Предлог законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во второ читање. Законодавно-правната комисија треба да разгледа 11 точки на дневниот ред од кои на пет има амандманска расправа.
