Геостратешката дискусија за зајакнување на подготвеноста и одговорот на предизвиците поврзани со трговијата со дрога и новите психоактивни супстанции беше во фокусот на проширената седница на Управниот одбор на Агенцијата на Европската Унија за дроги (EUDA), која се одржа во Лисабон, на која учествуваше првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали. […]
Геостратешката дискусија за зајакнување на подготвеноста и одговорот на предизвиците поврзани со трговијата со дрога и новите психоактивни супстанции беше во фокусот на проширената седница на Управниот одбор на Агенцијата на Европската Унија за дроги (EUDA), која се одржа во Лисабон, на која учествуваше првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали.
Како што соопштуваат од кабинетот на министерот, во своето обраќање, тој истакнал дека земјава останува посветена на усогласување на националните политики и законодавството со европските стандарди во областа на безбедноста, јавното здравје и борбата против организираниот криминал.

– Сали нагласи дека соработката со EUDA претставува значаен чекор во зајакнувањето на институционалните капацитети, особено во воспоставувањето на Систем за рано предупредување за нови психоактивни супстанции и унапредувањето на механизмите за следење и справување со предизвиците поврзани со дрогите – стои во соопштението.
Како што дополнуваат, министерот потенцирaл дека европската интеграција подразбира силни институции, ефикасна меѓуинституционална координација и доследна примена на европските стандарди во интерес на безбедноста и здравјето на граѓаните.
– На состанокот беше нагласена и важноста на меѓународните партнерства во справувањето со заедничките безбедносни предизвици и зајакнувањето на европската отпорност – информира Министерството за европски прашања.
