Skip to content

Изложба и концерти во Отвореното графичко студио во Музејот на град Скопје

Во Отвореното графичко студио во Музејот на град Скопје вечерва ќе биде отворена изложбата „Морфологија на градот“ на Јелена Белиќ, која преку графики ги истражува урбаните структури и трансформации на Скопје.  Во рамките на програмата ќе биде промовиран и фанзинот „Нештата што исчезнуваат“, заеднички проект на „Скопје колаж колектив“ и „Партизанска штампа“, посветен на исчезнатите […]

Во Отвореното графичко студио во Музејот на град Скопје вечерва ќе биде отворена изложбата „Морфологија на градот“ на Јелена Белиќ, која преку графики ги истражува урбаните структури и трансформации на Скопје. 

Во рамките на програмата ќе биде промовиран и фанзинот „Нештата што исчезнуваат“, заеднички проект на „Скопје колаж колектив“ и „Партизанска штампа“, посветен на исчезнатите простори, објекти и спомени од колективната меморија на градот.

Музичкиот дел го сочинуваат настапите на Тодор Караколев, кој по двегодишна пауза се враќа со свој соло концерт, и YVA & The Toy George, проект на српската музичарка која живее во Рим, Ива Станишиќ, чија музика спојува електронски, хип-хоп и балкански влијанија во енергично и жанровски неконвенционално сценско искуство.

Настанот се организира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам и Општина Центар.

Реклама

Уште од Вести