Политичката посветеност на Грција за поддршка на ЕУ перспективата на Западен Балкан, но и практична поддршка преку експертиза за неопходните реформи, се главните цели на посетите на регионот на министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, како што информираше портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг со новинарите. Шефот на грчката […]
Политичката посветеност на Грција за поддршка на ЕУ перспективата на Западен Балкан, но и практична поддршка преку експертиза за неопходните реформи, се главните цели на посетите на регионот на министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, како што информираше портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг со новинарите.
Шефот на грчката дипломатија, турнејата во регионот ја започна минатиот петок со посета на Србија, утре ќе биде во Босна и Херцеговина и Црна Гора, а за посета на нашата земја, Зохиу, рече дека ќе излезат со соопштение кога ќе имаат нешто конкретно, како за посета на Скопје, така и за на останатите држави од Западен Балкан.
Посетите и средбите во регионот се во рамките на грчката инцијатива за поддршка на европската перспектива на Западен Балкан што ја најави Атина, како и во пресрет на грчкото претседателство со Европската Унија во втората половина на 2027 година.
– Целта на посетите на министерот за надворешни работи е: прво, одново да ја потврди политичка посветеност на Грција за интегративниот процес на Западен Балкан, 23 години по Солунската агенда и во светло на потпишувањето на Декларацијата од Делфи во април 2026 година. Второ, да ја нагласи цврстата политичка посветеноста на грчката надворешна политика кон оваа цел, особено во пресрет на преземањето на претседателството со Советот на Европската Унија во текот на втората половина од 2027 година. И трето, практично да ја поддржи европската перспектива на Западен Балкан преку обезбедување експертиза за зајакнување на реформските напори на партнерите од регионот, посочи Зохиу.
