Собраниски комисии денеска ќе одржат седници на кои ќе се разгледуваат законски предлози од областа на безбедноста и меѓународната соработка. Комисијата за одбрана и безбедност ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог на закон за оружјето во второ читање, додека пред членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно-правната комисија […]
Собраниски комисии денеска ќе одржат седници на кои ќе се разгледуваат законски предлози од областа на безбедноста и меѓународната соработка. Комисијата за одбрана и безбедност ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог на закон за оружјето во второ читање, додека пред членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно-правната комисија ќе се најдат два предлог-закони за ратификација.
Пратениците ќе расправаат по Предлогот на закон за ратификација на изменувањето и дополнувањето на Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), согласно Одлуката на Мешовитиот комитет бр. 2/2024, донесена на 9 октомври 2024 година, со која се предвидуваат мерки за олеснување на електронската трговија.
Исто така, на дневен ред е и Предлогот на закон за ратификација на изменувањето на Протокол 4 кон Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство. Измените се однесуваат на дефиницијата на концептот „производи со потекло“ и методите на административна соработка, согласно Одлуката бр. 1/2026 на Советот за партнерство од 26 јануари 2026 година.
