САД и Иран го потпишаа првичниот договор за завршување на војната, кој веднаш стапува во сила. Тој предвидува повторно отворање на Ормускиот Теснец, создавање фонд за обнова на Иран од 300 милијарди долари и укинување на сите американски санкции за Иран. Сепак, за иранската нуклеарна програма, главната причина за почетокот на нападите, ќе се преговара […]
САД и Иран го потпишаа првичниот договор за завршување на војната, кој веднаш стапува во сила. Тој предвидува повторно отворање на Ормускиот Теснец, создавање фонд за обнова на Иран од 300 милијарди долари и укинување на сите американски санкции за Иран. Сепак, за иранската нуклеарна програма, главната причина за почетокот на нападите, ќе се преговара во следниот 60-дневен период.
Трамп потпишал печатена верзија на договорот во Франција за време на вечера со Емануел Макрон во Версај, додека иранското Министерство за надворешни работи објави дека двете страни се согласиле меморандумот да го потпишат електронски, без да чекаат формална церемонија.
Американскиот претседател го бранеше договорот, но предупреди дека САД повторно би можеле да го бомбардираат Иран ако не се склучи конечен договор.
Спикерот на иранскиот парламент и главен преговарач Мохамад Багер Калибаф изјави дека недовербата во САД останува и дека прстите на Иранците остануваат на чкрапалото.
Во меморандумот за разбирање се вели дека САД и Иран ќе се обврзат на преговори и постигнување конечен договор во рок од најмногу 60 дена, со можност за продолжување со заемна согласност. Што се однесува до Ормускиот Теснец, нема да има никакви такси за бродовите во текот на 60 дена, но меморандумот ја остава можноста за идни такси, што не постоеја претходно. Првата точка од договорот прогласува итно и трајно прекинување на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан.
