Промотивен настан посветен на претстојните XX Медитерански игри – Таранто 2026 ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Амбасадата на Италија во Скопје, во соработка со Олимпискиот комитет на Северна Македонија и здружението „Dobredojde“ Macedonia Welcome Centre. Во рамките настан, кој го слави духот на пријателството, спортот и богатото медитеранско наследство, како што […]
Промотивен настан посветен на претстојните XX Медитерански игри – Таранто 2026 ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Амбасадата на Италија во Скопје, во соработка со Олимпискиот комитет на Северна Македонија и здружението „Dobredojde“ Macedonia Welcome Centre.
Во рамките настан, кој го слави духот на пријателството, спортот и богатото медитеранско наследство, како што се навдува во најавата од Олимпискиот комитет, ќе биде претставена и тематската фото-изложба насловена „Where Mediterranean Waves Unite“.
На настанот ќе присуствува италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери, г-дин Орацио Аранчио, како и претседателот и генералниот секретар на Олимпискиот комитет.
-Посебно значење на настанот ќе му дадат вистинските ѕвезди на Игрите – спортистите кои ќе ја претставуваат нашата држава во повеќе спортски дисциплини – се нагласува во најавата.
