Skip to content

Претставување национален проект за превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем

Во Владата денеска ќе биде претставен нов национален проект „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“. Целта на проектот е да развие системски и одржлив механизам за рано препознавање, превенција и соодветно постапување при семејно насилство врз деца, преку поврзување на образовниот систем, институциите и семејствата […]

Во Владата денеска ќе биде претставен нов национален проект „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“.

Целта на проектот е да развие системски и одржлив механизам за рано препознавање, превенција и соодветно постапување при семејно насилство врз деца, преку поврзување на образовниот систем, институциите и семејствата во заедничка мрежа за заштита и поддршка.

Координатор на проектот е Министерството за образование и наука, а во имплементацијата ќе учествуваат и Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, центрите за социјална работа, здравствени и стручни служби, училиштата, Комората на психолози и други релевантни чинители.

Како што најави МОН, на претставувањето на проектот ќе се обратат министрите за образование и наука, за социјална политика, демографија и млади  и за внатрешни работи –  Весна Јаневска, Фатмир Лимани и Панче Тошковски, како и Емилија Бошковска, претставник на Комората на психолози на Македонија.

Реклама

Уште од Вести