Skip to content

Прекин на водоснабдување на дел од улицата Димитрие Чуповски во Скопје

Поради интервенција за менување вентил, денеска ќе има прекин на водоснабдувањето на дел од улицата „Димитрие Чуповски“ во централното градско подрачје, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Како што информираат надлежните служби, без вода ќе останат корисниците на потегот од улицата „Македонија“ до Министерството за правда, во близина на бурекџилницата „Рекорд“. Прекинот ќе […]

Поради интервенција за менување вентил, денеска ќе има прекин на водоснабдувањето на дел од улицата „Димитрие Чуповски“ во централното градско подрачје, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Како што информираат надлежните служби, без вода ќе останат корисниците на потегот од улицата „Македонија“ до Министерството за правда, во близина на бурекџилницата „Рекорд“.

Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Реклама

Уште од Вести