Здружението на просветни работници Куманово во соработка со општина Куманово и општина Старо Нагоричане денеска доделија признанија и на повеќе од 32 ученици, првенци на генерација од општините Куманово и Старо Нагоричане. Учениците од 18-те основни училишта, пет средни и три училишта од Старо Нагоричане добија признанија за најуспешни во својата генерација. Наградите ги доделија […]
Здружението на просветни работници Куманово во соработка со општина Куманово и општина Старо Нагоричане денеска доделија признанија и на повеќе од 32 ученици, првенци на генерација од општините Куманово и Старо Нагоричане.

Учениците од 18-те основни училишта, пет средни и три училишта од Старо Нагоричане добија признанија за најуспешни во својата генерација. Наградите ги доделија претставниците на здружението и на локалната власт, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, на општина Старо Нагоричане Мирослав Славковски, како и советници.

– Не е едноставно да се биде прв. Треба да продолжите да бидете пример, да бидете успешни, да го водите градот, државата. На сите ви посакувам успех – рече градоначалникот на општина Куманово, Димитриевски.
Претседателката на здружението на просветни работници, Анита Димовска, им посака успех на наградените да продолжат по патот на успехот, да бидат добри репрезенти на нашето општество.
-Бидете човечни и хумани, сакајте си го градот, општината да ги радувате сите и нашата сончева Македонија – рече Димовска.

Ива Додевска е ученик на генерација од гимназијата „Гоце Делчев“, таа кажа дека ќе го продолжи образованието на Медицинскиот факултет.

Софија Салтировска еден од наградените ученици, најдобра од „Кочо Рацин“ рече дека своето образование ќе го продолжи во гимназијата на билингвална паралелка.

Двете потенцираа дека покрај успехот секогаш ќе излезе на виделина, и им порачаа на учениците да бидат вредни и да работат за својата иднина.
