Конференција за социјално претприемништво ќе се одржи денеска во хотел „Александар Палас“ во Скопје во организација на Младински Сојуз – Крушево, Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и Центарот за истражување и анализа НОВУС. Конференцијата има за цел да овозможи национална платформа за дијалог и соработка, на која се очекува учество на повеќе од […]
Конференција за социјално претприемништво ќе се одржи денеска во хотел „Александар Палас“ во Скопје во организација на Младински Сојуз – Крушево, Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и Центарот за истражување и анализа НОВУС.
Конференцијата има за цел да овозможи национална платформа за дијалог и соработка, на која се очекува учество на повеќе од 120 претставници од институции, агенции, граѓански организации, социјални претпријатија, бизнис секторот, експерти и млади, со фокус на унапредување на екосистемот за социјално претприемништво во државата.
Во рамки на агендата се предвидени повеќе панел-дискусии посветени на креирање одржливи јавни политики, меѓусекторска соработка и улогата на локалните заедници во развојот на социјалното претприемништво, како и тематско вмрежување насочено кон градење посилен екосистем и подобро поврзување меѓу чинителите во оваа област.
