Во рамки на трипартитна соработка која се реализира меѓу АД ЕСМ, ЕСМ хотел „Молика“ и Општина Новаци, 150 ученици од прво до деветто одделение од ЦОУ „Славко Лумбарковски“-Новаци, бесплатно престојуваат во хотелот „Молика“ на Пелистер. Престојот на првата група од 75 ученици заврши денеска, а напладне почнува престојот на втората група од 75 ученици. -Оваа […]
Во рамки на трипартитна соработка која се реализира меѓу АД ЕСМ, ЕСМ хотел „Молика“ и Општина Новаци, 150 ученици од прво до деветто одделение од ЦОУ „Славко Лумбарковски“-Новаци, бесплатно престојуваат во хотелот „Молика“ на Пелистер.
Престојот на првата група од 75 ученици заврши денеска, а напладне почнува престојот на втората група од 75 ученици.
-Оваа активност е уште еден доказ за успешната и континуирана координација меѓу општината и АД ЕСМ во интерес на локалната заедница, истакна градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски за време на посетата на учениците од централното основно училиште „Славко Лумбарковски“.
Бесплатниот престој на ученици од Општина Новаци во хотелот „Молика“ на Пелистер се организира традиционално по завршувањето на училишата година.
