Skip to content

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски нека оди на Бихаќка, кривичната пријава му е поднесена во време на СДСМ

Лицето Стевчо Јакимовски, кој е дел од црната листа на САД, се уште не може да се помири со фактот дека ги загуби изборите во Карпош, па секојдневно се занимава со ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.  Му препорачуваме на Стевчо Јакимовски следен пат да се снима на Бихаќка пред штабот на СДСМ, затоа […]

Лицето Стевчо Јакимовски, кој е дел од црната листа на САД, се уште не може да се помири со фактот дека ги загуби изборите во Карпош, па секојдневно се занимава со ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Му препорачуваме на Стевчо Јакимовски следен пат да се снима на Бихаќка пред штабот на СДСМ, затоа што кривичната пријава му е поднесена токму во времето на владеење на СДСМ.

Дополнително, нам ни е чудно како Стевчо кој секој ден држеше пресови за здравствената состојба на Сотир, сега кога треба да се соочи со правдата стана болен. Чудно е како функционира кармата.

Не е болен за глупави изјави, но е болен кога треба да оди во затвор.

Реклама

Уште од Вести