Пред тетовската подружница на „Македонски пошти“ денес пристигнаа пет нови возила, кои се дел од неодамнешната државна набавка на транспортни средства за оваа установа на целата територија на Македонија. Сега бројот на вакви возила со товарен дел се зголемува на вкупно осум. -Според нашите анализи мислиме дека се доволно, но ако има потреба ќе додадеме […]
Пред тетовската подружница на „Македонски пошти“ денес пристигнаа пет нови возила, кои се дел од неодамнешната државна набавка на транспортни средства за оваа установа на целата територија на Македонија. Сега бројот на вакви возила со товарен дел се зголемува на вкупно осум.
-Според нашите анализи мислиме дека се доволно, но ако има потреба ќе додадеме плус возила очекувам со ова да биде доставата ефективна и поефикасно работењето на Пошта за услугите што ги нуди према граѓаните и се надевам на уште подобар резултат. Очекуваме и нови инвестиции во делот на инфраструктурата на одржувањето на објектите и се надевам дека веќе покажуваме сериозни работи шо и да ме на композити во делот на техничката спецификација на возилата, изјави Орхан Куртиши, генерален директор.
Се работи за најнови модели на „Фиат Добло“ од 2026 година, кои можат да пренесат пакети со вкупна тежина до 750 килограми, а во делот за складирање се вградени камери за следење на движењето и работењето.
-Опремени се прво за оние што ќе ги користат возачите со најсовремена опрема – навигација, климатизација, сензори, задни камери, се што може да има модерно возило во сегашната производство на редовна линија. Водевме сметка во техничката спецификација кога ги набавуваме возилата и за товарниот дел, да ги исполнува условите доволно да можеме брзо и ефикасно да ги исполнуваме услугите на дневна основа согласно закон за поштенски услуги, големината на пакетите бројот на пакети и така натаму. Во товарниот дел за прв пат воведуваме камера којашто 24 часа ќе го следи работењето на возилото, односно ќе ги следиме пратките, изјави Николче Угринов, заменик генерален директор во Македонски пошти
Инаку, вкупно 100 транспортни возила, од кои 90 пикап-автомобили и десет комби-возила, беа набавени во април од страна на Владата и Министерството за транспорт за потребите на поштата.
