Skip to content

Премиерот Мицкоски ќе објави нова инвестиција во ТИРЗ Тетово

Претседателот на Владата  Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе објави нова инвестиција од компанијата „Џаво Отомотив“ во ТИРЗ Тетово со која се очекува да се отворат над 400 нови работни места. Мултинационалната корпорација „Џаво Отомотив“ работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу […]

Претседателот на Владата  Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе објави нова инвестиција од компанијата „Џаво Отомотив“ во ТИРЗ Тетово со која се очекува да се отворат над 400 нови работни места.

Мултинационалната корпорација „Џаво Отомотив“ работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу водечки производители на автомобили.

Освен во Турција, компанијата е присутна и во Канада, Германија и Словачка

Реклама

Уште од Вести