Skip to content

Милошоски и Хрицова: Потврдена словачката поддршка за евроинтеграција

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, оствари работна средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова. На средбата беа разменети мислења за актуелните политички состојби, билатералната соработка и европските интегративни процеси на нашата земја. Притоа, беше истакната континуираната поддршка што Република Словачка ја дава на политиката на проширување на Европската Унија, како една од земјите членки […]

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, оствари работна средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова.

На средбата беа разменети мислења за актуелните политички состојби, билатералната соработка и европските интегративни процеси на нашата земја. Притоа, беше истакната континуираната поддршка што Република Словачка ја дава на политиката на проширување на Европската Унија, како една од земјите членки на групата „Пријатели на проширувањето“.

Соговорниците посебно се осврнаа на можностите за понатамошно унапредување на меѓупарламентарната соработка меѓу двете држави, преку интензивирање на комуникацијата и размената на искуства меѓу парламентите.

Воедно, беше посочено дека Република Словачка од 1 јули 2026 година, ќе го преземе претседавањето со Вишеградската група, што претставува дополнителна можност за продлабочување на регионалната соработка и за афирмирање на европските перспективи на земјите од Западен Балкан.

Потпретседателот Милошоски изрази благодарност за принципиелната и континуирана поддршка од Република Словачка и ја нагласи важноста од одржување на конструктивен дијалог и партнерски односи во однос на исполнувањето на нашите реформски приоритети.

Реклама

Уште од Вести