Во Скопје попладне ќе бидат доделени наградите „Гласник на невидливите“ за новинари кои известуваат за невидливите. Во рамки на настанот за доделување на наградите ќе се одржи отворена панел-дискусија на тема: „Медиумите и Сиромаштијата – Гласно против тишината“ која е исклучителна шанса за вмрежување, запознавање со практиките на колегите новинари од осум европски земји и […]
Во Скопје попладне ќе бидат доделени наградите „Гласник на невидливите“ за новинари кои известуваат за невидливите. Во рамки на настанот за доделување на наградите ќе се одржи отворена панел-дискусија на тема: „Медиумите и Сиромаштијата – Гласно против тишината“ која е исклучителна шанса за вмрежување, запознавање со практиките на колегите новинари од осум европски земји и заеднички крик против социјалната тишина во Македонија и во Европа, информираат од Македонската платформа против сиромаштија (МППС).
-Ова е уникатна можност да размените искуства со врвни европски експерти за комуникација на тема сиромаштија и „експерти по искуство во сиромаштија“ од европските земји. Активностите се реализираат во рамки на меѓународниот проект „Journalism-prize goes international“, кој го спроведуваме во конзорциум предводен од Австриската мрежа против сиромаштија, а финансиран од ЕРСТЕ Фондацијата, велат од МППС.
Нагласуваат дека МППС од 15 до 17 јуни 2026 година е домаќин на претставници од осум национални мрежи против сиромаштија и на комуникацискиот тим на Европската мрежа против сиромаштија (EAPN).
Како што посочуваат годинашни добитници на наградата Гласник на невидливите се: Бојан Шашевски – „Училниците уште не се „проветрени“ од дискриминацијата кон атипичните деца“; Ирина Крстевска – Фото сторија „ГМП – Пат кон зависност и сива економија, наместо излез од сиромаштија?“; Лени Фрчкоски и Марта Стевковска – „Женското е туѓа фамилија“; Љубица Иванова – „Наставничката Маја е единствената вработена која се грижи за сите услови во училиштето во село Маврово“; Магдалена Стојмановиќ – Константинов – „Замаглените лица на сиромаштијата“; Михаил Милошевски – „Периките на хуманитарката Сашка Кузманова кои со пари не се купуваат“; Слободан Иванов – „Глаголицата како парабола за денешното сеопфатно општество: Отворена изложбата „Глаголички откровенија“ на Томе Даневски во КИЦ – Скопје“; и Сунчица Стојановска Зоксимовска – „Македонци на „фармацевтски туризам“ во Косово и во Србија за поевтини лекови“.
