Skip to content

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ тоне поради слугувањето на Софија а Филипче е најгласен промотор на бугарските барања и внесувањето на Бугарите во Устав

Филипче и СДСМ се тотално изгубени на политичката сцена, немаат политичка стратегија за државата, немаат визија, ниту пак план за развој на државата. Единствена политика која ја нудат Венко Филипче и СДСМ е слугувањето на официјална Софија и застапувањето на туѓи политички агенди, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Единствена политика која ја води СДСМ […]

Филипче и СДСМ се тотално изгубени на политичката сцена, немаат политичка стратегија за државата, немаат визија, ниту пак план за развој на државата. Единствена политика која ја нудат Венко Филипче и СДСМ е слугувањето на официјална Софија и застапувањето на туѓи политички агенди, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Единствена политика која ја води СДСМ и Филипче и на која жестоко инсистира е внесувањето на Бугарите во Уставот и прокламирање на уставни измени многу повеќе и од барањата на Бугарија.

СДСМ и Филипче упорно избираат да бидат гласноговорници на политиките кои доааѓат однадвор а на штета на македонските национални интереси.

Филипче и раководството на СДСМ не ги штитат националните позиции, немаат црвени линии и не ги застапуваат интересите на граѓаните на Македонија.

Поданичкиот и капитулантски однос на СДСМ и Филипче е спротивен на расположението на граѓаните и е една од главните причини за континуираниот пад на довербата во СДСМ.

СДСМ нема никаков став кога станува збор за заштита на македонските интереси единствено нешто што му е важно на Филипче и СДСМ е како да дојдат на власт по било која цена па макар и на штета на националните интереси.

СДСМ и Филипче треба конечно да сфатат дека ниту една политичка кариера и ниту една партиска агенда не смеат да бидат поважни од државните и инационални интереси.

Се додека Филипче е најгласниот адвокат на Софија граѓаните ќе продолжат да ја испраќаат СДСМ во изолација, порази и на маргините на политичкиот спектар. 

Реклама

Уште од Вести