Јон Фрчкоски, синот на истакнатиот идеолог на СДСМ којшто, со последните совети, партијата предводена Венко Филипче со сигурност ја турка кон политичка маргинализација, на прес-конференција излезе да брои која фирма колку тендери добила. Во ред е Јон, за броење доби пролазна оценка, но за да добие повисока ќе мора малку да се потруди и заедно […]
Јон Фрчкоски, синот на истакнатиот идеолог на СДСМ којшто, со последните совети, партијата предводена Венко Филипче со сигурност ја турка кон политичка маргинализација, на прес-конференција излезе да брои која фирма колку тендери добила. Во ред е Јон, за броење доби пролазна оценка, но за да добие повисока ќе мора малку да се потруди и заедно со нивниот таканаречен антикорупциски тим, да почнат и да ги набројат сите тендери коишто истите тие фирми ги добиле од државните институции во време на власт на СДСМ, како и од општини предводени од нивни градоначалници, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски од СДСМ.
Тоа што мали Фрчко сака да го претстави како некакво си откритие, е јавно достапни и секој заинтересиран може да го види со мал труд истражувајќи на официјалниот сајт на електронскиот систем јавни набавки.
Сите споменати фирми се компании кои долго време работат, регуларно се пријавуваат на јавните набавки и согласно најповолната понуда ги добиваат тендерите.
Дека тука нема ниту скандал, ниту некакво откритие на АКТ на СДСМ зборува и фактот што истите овие компании, МГ Проект Дооел Скопје и МБМ Архитекти Дооел Скопје учествувале на јавните набавки и добивале тендери уште во периодот на власт на СДСМ.
Така, БМБ Архитекти од 2023 година добивала тендери од Министерството за образование, Министерството за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Собрание на Република Македонија, АД МЕПСО, Државна видеолотарија, Општина Центар и други државни институции како универзитетски клиники и факултети.
Додека состојбата кај МГ Проект е уште подобра, односно за време на власт на СДСМ од нивни државни функционери и градоначалници фирмата добила многу повеќе тендери.
МГ Проект редовно добивала тендери од градоначалниците на СДСМ во Центар, Струмица, Делчево, Валандово, Богданци, Крива Паланка, Крушево и други, како и од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за Култура, Министерство за образование и наука, Министерство за транспорт и врски, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и други институции додека СДСМ ја предводеше македонската влада.
На СДСМ и Јон им препорачуваме, да се обратат до нивното раководство, поточно претседателот Венко Филипче, кој му го чува столчето на неговиот ментор Зоран Заев, и нека го прашаат од каде му се парите за луксузни хациенди на Водно, како и за златна виза и стан во Дубаи.
