Skip to content

ПРЕДМЕТ: Барање за јавно извинување и јавно повлекување на изјава

ДО Паулина Костадиновска Костиќ ТВ АЛФА Скопје Качанички Пат 66 Скопје До Директор Јани Бојаџи До Главен и одговорен уредник ПОДНОСИТЕЛ: ЛИДИЈА ЗИМБОВСКА од Скопје, ул. Стогово бр.5А, со ЕМБГ 0106968485000, ПРЕДМЕТ: Барање за јавно извинување и јавно повлекување на изјава Врз основа на чл.12 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета бараме […]

ДО

Паулина Костадиновска Костиќ

ТВ АЛФА Скопје

Качанички Пат 66 Скопје

До Директор Јани Бојаџи

До Главен и одговорен уредник

ПОДНОСИТЕЛ: ЛИДИЈА ЗИМБОВСКА од Скопје,

ул. Стогово бр.5А, со ЕМБГ 0106968485000,

ПРЕДМЕТ: Барање за јавно извинување и јавно повлекување на изјава

Врз основа на чл.12 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета бараме јавно извинување и јавно повлекување на изјава дадена од Ваша страна како водител во емисијата „Под Лупа“ од ден 25.05.2026 година, со наслов Кој ја чува правдата?-Помеѓу доказите и моќта Гостин:Сашко Дуковски-адвокат во емисијата објавена на Youtube и на Алфа ТВ, за која изјава подносителот разбрал на ден 08.06.2026 година, во која Вие наведовте изјава со следната интегрална содржина:

„….Дали мој силен сомнеж може да доаѓа еве да кажеме од некои разговори кои што обвинителката ги слушала преку истражните мерки, значи телефонски разговори кои што не ги употребила во случајот, во предметот и ќе се докази, меѓутоа таа ги слушала, знаете зошто ве прашувам, има многу чаршиски муабети, по социјални мрежи се пишува, луѓето, правната фела коментираат и така натаму, тоа е, меѓусебно многу многу нели и се знаат, е сега се поставува прашањето имаше шпекулации дека тие 50.000,00 евра коштито Државниот правобранител, поранешен Стафа заврши со осудителна пресуда, призна вина, се шпекулира дека тие 50.000,00 евра не се наменети за судијата Ѓоко Ристов, се наменети за негова колешка, судијка исто во Апелација која што одлучувала по притворите за „Гаволот“, обвинетиот во „Синџир“, се шпекулира дека и со посебните тие истражни мерки се слуша гласот на судијката и дека станува збор за судијата Лидија Зимбовска, тоа се тие шпекулации, дали е можно мој силен сомнеж на обвинителката да доаѓа оттаму, бидејќи таа ги слушала тие разговори, јас само хипотетички ве прашувам, ние не знаеме дали постојат тие разговори….“

Најпрво, со својата изјава се обидувате на груб начин да изнесете пред јавноста и медиумите невистинити и непроверени информации и да ги извртувате фактите, притоа да и нанесете ненадоместлива штета по угледот и честа на судијата Лидија Зимбовска, судија при Апелационен суд Скопје.

Ова, бидејќи изнесувате наводи за наводна шпекулација, чаршиски муабети и разговори по социјални мрежи за судијата Лидија Зимбовска и ја поврзувате со лица и теми поврзани со кривични дела, а со кои истата нема никаква поврзаност, а сепак со наводите содржани во Вашата изјава во наведената емисија, упорно се обидувате да ја инволвирате во тие кривични предмети, нагласувајќи притоа дека сето тоа е на ниво на шпекулација, што никако не Ви дава за право да ја спомнувате судијата со име и со презиме во таков контекст.

Дополнително изнесувате Ваши заклучоци, крајно неосновани и секако непроверени дека 50.000,00 евра коишто наведувате дека Државниот правобранител, поранешен Стафа заврши со осудителна пресуда, призна вина, се шпекулира дека тие 50.000,00 евра не се наменети за судијата Ѓоко Ристов, се наменети за негова колешка, судијка исто во Апелација која што одлучувала по притворите за „Ѓаволот“, обвинетиот во „Синџир“, се шпекулира дека и со посебните тие истражни мерки се слуша гласот на судијката и дека станува збор за судијата Лидија Зимбовска, иако обвинителството на своите прес-конференции пред медиумите јасно кажа дека ПИ мерки во конкретниот предмет не постојат како доказ, па се поставува прашањето од каде Ви се Вам такви информации, макар биле и шпекулативни, што говори за Вашата тенденциозност за нанесување на честа и угледот на судијата, сега подносител, особено ако се знае дека конкретниот предмет е правосилно завршен со пресуда врз основа на спогодба за вина.

Погоренаведените изјави наведени од Ваша страна во емисијата „Под Лупа“ не се точни и претставуваат клевета, и истите се насочени и кон омаловажување на личноста и нарушување на угледот и честа на подносителот кој високо го ужива во општеството, како долгогодишен судија кој постапува по кривични предмети, најпрво во Основен кривичен суд Скопје, а до денес во Апелационен суд Скопје, со стекнато образование и стручни познавања во повеќе области, со напредок и одлики во професионалната кариера и истата ужива углед со докажан кредибилитет на професионалец во своето работење, како и углед во општествените кругови.

Во отсуство на потврда и било каква поткрепа на изнесените наводи, должна сте и сте можеле да знаете дека сето изнесено од Ваша страна е невистинито, но и покрај тоа наводите се содржат во Вашата изјава дадена во медиумите, со невистинити факти што се штетни за угледот и честа на оштетената, со што е сторена клевета согласно член 8 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Поради што согласно член 12 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, го поднесуваме до Вас ова барање во рок од 48 часа за јавно извинување и јавно повлекување на изјавата дадена од Ваша страна како водител во емисијата „Под Лупа“ од ден 25.05.2026 година, со наслов „Кој ја чува правдата? – Помеѓу доказите и моќта“, гостин: Сашко Дуковски – адвокат, во емисијата објавена на Youtube и на Алфа ТВ, на исто место и во ист обем како што е дадена изјавата на која реагираме.

Доколку не постапите по ова барање во наведениот рок, ќе бидеме принудени за заштита на правата и интересите на подносителот да поведеме соодветна судска постапка пред надлежен суд, во која ќе бараме надомест на нематеријална штета поради повреда на честа и угледот, како и сите трошоци што ќе произлезат од таквата постапка.

Имајќи го предвид сето погоре наведено, очекуваме во законскиот рок да извршите јавно извинување и јавно повлекување на изнесените наводи, на ист начин, во ист медиум и со ист интензитет како што биле објавени спорните изјави.

Со почит,

Подносител:

Лидија Зимбовска

Преку полномошник:

Адвокат

Датум: 10.06.2026 година

Реклама

Уште од Вести