Skip to content

Погодено едно од светилиштата на Киев – најмалку четворица загинати во руски напад

Русија изврши нов масовен напад врз Киев со ракети и беспилотни летала. Беше погодена и Киево-Печерската лавра, еден од најпрепознатливите симболи на украинската духовност и култура. Според украинските власти, најмалку четири лица загинале, а 23 се повредени, меѓу нив дете и бремена жена. Нападнати биле и повеќе станбени згради во различни делови на главниот град. […]

Русија изврши нов масовен напад врз Киев со ракети и беспилотни летала. Беше погодена и Киево-Печерската лавра, еден од најпрепознатливите симболи на украинската духовност и култура.

Според украинските власти, најмалку четири лица загинале, а 23 се повредени, меѓу нив дете и бремена жена.

Нападнати биле и повеќе станбени згради во различни делови на главниот град.

„Гори покривот на едно од најсветите места во христијанскиот свет. Ова е уште едно руско злосторство против човештвото, историјата и христијанството“, порача митрополитот Епифаниј, поглавар на Православната црква на Украина.

Реклама

Уште од Вести