Skip to content

Македонска Каменица го започнува проектот „Енергетско ефикасни домови“

Општина Македонска Каменица во соработка со Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“ го започнува проектот „Енергетско ефикасни домови“, чија цел е подобрување на енергетската ефикасност во станбениот сектор и унапредување на условите за домување на граѓаните. По потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу двете страни, во првата фаза од проектот ќе бидат опфатени колективните станбени […]

Општина Македонска Каменица во соработка со Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“ го започнува проектот „Енергетско ефикасни домови“, чија цел е подобрување на енергетската ефикасност во станбениот сектор и унапредување на условите за домување на граѓаните.

По потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу двете страни, во првата фаза од проектот ќе бидат опфатени колективните станбени објекти, додека по нејзиното завршување се предвидува обезбедување финансиски средства и за субвенционирање на индивидуалните објекти за домување.

-Првиот промотивен настан ќе се одржи на 18 јуни со почеток во 11:30 часот во Домот на културата во Македонска Каменица, каде што на граѓаните, претставниците на куќните совети и управителите на станбените згради детално ќе им биде презентирана постапката за реализација на проектот, информираа од Општина Македонска Каменица.

Презентацијата ќе ја одржат градоначалничката Соња Стаменкова, претставници на општинската администрација и претставници на Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“.

Од Општината информираат дека за реализација на проектот ќе бидат издвоени рекордни средства на државно ниво, наменети главно за реконструкција на кровни конструкции и изградба на енергетски ефикасни фасади на станбените објекти на подрачјето на Македонска Каменица.

Со спроведувањето на проектот, локалната самоуправа очекува да придонесе за намалување на потрошувачката на енергија, подобрување на енергетската ефикасност на станбениот фонд и зголемување на квалитетот на живот на жителите на општината.

Реклама

Уште од Вести