Европската Унија е подготвена од јули да почне преговори за сите области од пристапниот процес со Украина и со Молдавија, изјави денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос, пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. Во врска со денешното отворање на суштинските пристапни преговори со Киев и со Кишињев, Кос […]
Европската Унија е подготвена од јули да почне преговори за сите области од пристапниот процес со Украина и со Молдавија, изјави денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос, пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.
Во врска со денешното отворање на суштинските пристапни преговори со Киев и со Кишињев, Кос оцени дека тоа е првиот голем чекор откако двете земји добија кандидатски статус пред три години.
„Беше време да го направиме тоа“, рече таа.
Според Кос, до крајот на годинава може да завршат пристапните преговори со Црна Гора.
„Во последните месеци постигнавме повеќе во процесот на проширување на ЕУ отколку во изминатите 15 години“, нагласи еврокомесарката.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, соопшти дека на денешниот состанок е поканет и министерот за надворешни работи на Ерменија.
Според неа, Ерменија е изложена на сè поголем притисок од Москва, а ЕУ разгледува начини за поддршка на властите во Ереван.
