Skip to content

Бесплатна летна ликовна школа во Пионерски дом – Гевгелија

Од утре до следниот вторник во Пионерскиот дом во Гевгелија ќе се одржи традиционалната Летна ликовна школа, која десеттина години наназад се организира бесплатно во оваа општина. За школата на која се повикани сите млади љубители на уметноста и создавањето, Пионерскиот дом обезбедува дел од потребните материјали за работа, а децата можат да донесат и […]

Од утре до следниот вторник во Пионерскиот дом во Гевгелија ќе се одржи традиционалната Летна ликовна школа, која десеттина години наназад се организира бесплатно во оваа општина.

За школата на која се повикани сите млади љубители на уметноста и создавањето, Пионерскиот дом обезбедува дел од потребните материјали за работа, а децата можат да донесат и свои омилени материјали од дома. Ментор со кој ќе работат сите заинтересирани учесници е познатата ликовна уметница Мирјана Крстева Массетти, магистер по уметности.

-Школата се одржува од 2016 година, а паметам кога и јас бев ученик се одржуваа вакви настани. Повикот е за сите љубители на уметноста, од 7 до 77 години, а најчесто ни доаѓаат многу деца, бидејќи ним секако им е полесно да се изразат визуелно отколку вербално. Јас им препорачувам да понесат насмевка со себе, бидејќи нивниот омилен дел од годината, летниот распуст е веќе започнат. На ваквите дружби обично се гледаат талентите, кои подоцна го продолжуваат својот уметнички пат, вели Крстева Массетти и додава дека секоја година ликовната школа завршува со изложба на изработените дела.

Во рамки на Летната ликовна школа застапени се сите ликовни техники, како акварелот, температа и други. Школата ќе се одржува во периодот од 16. до 23-ти овој месец, секој работен ден од 10 до 12 часот.

Реклама

Уште од Вести